Јувентус ова лето ќе се раздели со Гонзало Игуаин и приоритен на раководството е доведување на врвен напаѓач.
Изминатите денови во медиумите се појавија неколку имиња, а сега Луис Суарез силно се поврзува со трансфер во „старата дама“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Имено, Уругваецот е „вишок“ во Барселона, клубот му ја отвори излезната врата и тој веќе ја започна потрагата по нов клуб.
Пирло верува дека Суарез би бил идеален партнер на Роналдо и му порачал на раководството да се обиде да го доведе ова лето. Меѓутоа, „бјанконерите“ не сакаат да платат обештетување за напаѓачот и чекаат прво тој да го раскине договорот со Каталонците.
Суарез има уште две години договор со Барселона за кои треба да добие плата од 25 милиони евра. Тој му понудил на клубот раскинување на договорот и отпремнина од 12 милиони евра.
Неговите агенти се веќе го контакт со Јувентус, а доколку го раскине договорот со Барса, „старата дама“ е спремна да му понуди двегодишен договор и плата од 10 милиони евра по сезона.
Luis Suárez has been offered to Juventus after being shown the door at Barcelona under new head coach Ronald Koeman.
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) August 28, 2020
Juventus are in the market for a striker because of Gonzalo Higuaín's impending departure.
(Source: GOAL) pic.twitter.com/nYbvD8uBdY