Дома Фудбал Англија Руни: Меси ќе ја освои 7-та Зллатна топка во Премиер лигата

Руни: Меси ќе ја освои 7-та Зллатна топка во Премиер лигата

Лионел Меси деновиве е главна тема откако официјално побата трансфер и сака да ја напушти Барселона.

Како следна дестинација на Меси се погласно се шпекулира дека ќе биде Манчестер Сити, иако интерес за Аргентинецот покажуваат уште Интер и Манчестер Јунјатед.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Легендарниот англиски фудбалер, Вејн Руни смета дека Меси би направил вистински потег ако се пресели во Премиер лигата.

„Знам дека Меси остарува, но никој не видел друг играч како него. Меси има се, може да креира шанси, да постигнува голови, ја диктира играта и е најдобриот играч на сите времиња“.

„Меси и Роналдо создадоа стандард кој тешко ќе го видиме повторно, сепак за мене Меси е на повисоко ниво. Може да дојде во Премиер лигата и ако биде опкружен со играчи како Де Брујн или Бруно Фернандеш сигурно ќе ја освои 7-та Златна топка“, смета Руни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Историјата е испишана: Леверкузен влезе во друштво на Јувентус, Милан и Арсенал

Баер Леверкузен денес во последното коло славеше победа од 2:1 против Агусубург и така ост…