Дома Фудбал Ерменците го објавија списокот: Во Скопје доаѓаат без првата ѕвезда!

Ерменците го објавија списокот: Во Скопје доаѓаат без првата ѕвезда!

Селекторот на репрезентацијата на Ерменија Хоакин Капарос го објави списокот на повикани фудбалери за натпреварите во Лигата на Нации против Македонија и Естонија кој ќе се игра на почеток на месец септември.

Добра вест за нас е што првата ѕвезда на Ерменија, Хенрик Микхтаријан нема да игра на овие две средби. Микхтаријан нема да игра по барање на селекторот Капарос кој побара тој да биде ослободен од репрезентативните обврски.

Македонија против Ерменија ќе игра на 5.септември во Скопје, а селекторот Игор Ангеловски во петок ќе го објави списокот за овие натпревари.

На списокот на Ерменија се најдоа поранешните играчи на Вардар Хофханес Хамбурџумјан и Тигран Барсегјан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ОФИ Крит со два гола го урна Хапоел Беер во Лига Европа

Пунгурас погоди пред паузата, а Фунтас ја потврди победата од 2-0 за ОФИ Крит, иако Хапоел…