Дома Топ вести Големи промени во „кралскиот“ клуб – Реал се спрема за рекордно лето!

Големи промени во „кралскиот“ клуб – Реал се спрема за рекордно лето!

Во Реал се подготвени за рекордно лето и уривање на клупскиот рекорд.

Реал е стереотипен клуб кој создава тим со големи купувања, а излезните трансфери постојат само клубот за многу помалку пари да се ослободи од оние кои не ги исполниле очекувањата. Меѓутоа, последните сезони таа практика се смени. Реал продава за големи пари, а ова лето се очекува голема заработка.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Двата најатрактивни експонанти во Реал во овој трансфер период се Хамес Родригез и Алваро Мората. Шпанскиот напаѓач си заминува од клубот, а меѓу заинтересираните се Манчестер Јунајтед, Милан и Челси.

Мората сака да си замине во клуб каде што ќе биде прв напаѓач, а Реал се надева дека за него ќе добие дури 90 милиони евра. Тоа би бил најголемиот излезен трансфер во историјата на шпанскиот фудбал, а рекордниот во моментов го има Анхел Ди Марија кој од Реал си замина во Манчестер Јунајтед за 75 милиони евра.

Рекордна заработка за рекордно купување

Хамес исто така е пред заминување. Меѓу останатите се споменуваат Интер, Јувентус и Челзи, а Реал се надева дека за Колумбиецот ќе добие 70 милиони евра. Освен наведените двајца фудбалери во излогот се и играчите со помала улога во тимот. Диего Љоренте си оди во Реал Сосиедад за осум милиони евра, а пред заминуање се и Мариано и Фабио Коентрао.

За Мората најверојатно нема да ја добијат сумата која ја сакаат (90 милиони), таа најверојатно ќе падне на 70 милиони, а во комбинација со останатите трансфери, Реал очекува заработка од околку 160 милиони евра. Тоа би бил апсолутен рекорд на „кралскиот“ клуб, кој најпрофитабилна продажба ја имаше во 2013. година, кога заработи 113,5 милиони евра.

Тоа беше летото кога беа продадени Месут Озил во Арсенал и Гонзало Игуаин, Раул Албион и Хозе Каљехон во Наполи. Веќе следната сезона на крилјата на трансферот на Ди Марија во Јунајтед се приближија и заработаа 112,7 милиони евра, а тоа лето беа продадени и Мората, Чаби Алонсо и Нури Сахин.

Оваа сезона се подготвува незапамтена заработка, а со тие пари, на Реал добро ќе му дојдат за лов на Килијан Мбапе, тинејџерот кој, доколку се одлучи да си замине од Монако, веројатно ќе го сруши рекордот на Пол Погба и ќе стане најскапиот фудбалер во историјата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Реал го сака бекот на Манчестер Јунајтед

Реал Мадрид е во потрага по десен бек кој ќе биде долгорочна замена за Картвахал и тоа ќе …