Дома Фудбал Пресврт: Судот ја прифати жалбата на Мегваер, пресудата е поништена

Пресврт: Судот ја прифати жалбата на Мегваер, пресудата е поништена

Прифатена е жалбата на Хари Мегваер на пресудата која беше донесена вчера.

Само еден ден откако беше прогласен за виновен за нанесување тешки телесни повреди судот во Грција ја поништи првобитнатао длука и го врати судењето на почетокот.

„Правниот тим на Мегваер достави жалба и таа ја поништи првобитната пресуда. Жалбата е прифатена и ќе има ново судење на повисок суд. Тоа значи дека Хари нема кривична пријава и невин е додека не се докаже спротивното“, се наведува во соопштението на Манчестер Јунајтед.

Мегваер се најде во голем скандал на познатиот грчки остров Миконс поради насилничко однесување. Тој влезе во физичка пресметка во еден бар, а и по доаѓањето на полицијата не сакал да се смири, па дури физички нападнал и еден полицаец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Модриќ на 41 година не мисли на крај: Со Милан сака титула

Хрватскиот ветеран ја задржува желбата за фудбал, а по триумфот над Интер порача дека Мила…