Директорот на Баерн Минхен, Карл-Хајнц Румениге проговори за евентуалното заминување на Тиаго Алкантара.
Румениге призна дека Алкантара изгледа како човек кој веќе донел одлука да го напушти клубот. Тој влезе во последната година од договорот и не сака да потпише продолжување на соработката.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Медиумите тврдат дека веќе има договор со Ливерпул, но Румениге тврди дека „црвените“ воопшто не го контактирале Баерн Минхен. „Постојано читам за интересот на Ливерпул, но тие се уште не оствариле контакт со нас. Вчера имавме средба со нашите фудбалери, тој дојде до целото семејство и во нив имаше чувство на носталгија. Изгледаше како збогување, како да веќе донел одлука да замине“, изјави Румениге.