Дома Трансфер зона Хамес Родригез на чекор од трансфер во Премиер лигата

Хамес Родригез на чекор од трансфер во Премиер лигата

Ѕвездата на Реал Мадрид, Хамес Родригез е на чекор од трансфер во Евертон, пренесуваат англиските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Тренерот на „карамелите“ Карло Анчелоти одлично го познава Колумбиецот и тој е причината што Хамес одлучи да потпише за Евертон.

Двајцата се во одлични односи уште од времето кога заедно работеа во Реал Мадрид, па Хамес одлучи да ја прифати понудата да му се приклучи во Евертон.

29-годишниот Хамес има уште една година од договорот со Реал Мадрид, но јасно е дека за него повеќе нема место во тимот на Зидан.

Се уште не е јасно колку обештетување ќе добие Реал Мадрид за неговата слобода, но медиумите тврдат дека е постигнат начелен договор и се договараат последните детали.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…