Дома Топ вести Шест „жешки костени“ на Перез – еден може да го изгори Зидан!

Шест „жешки костени“ на Перез – еден може да го изгори Зидан!

Работа на „Сантиаго Бернабе“, домот на Реал Мадрид секогаш има. Нова сезона, нови обврски, нови трансфери и многу работа во соблекувалната за Флорентино Перез и Зинедин Зидан.

Како што пишуваат шпанските медиуми, некои во трансфер периодот ќе остане со кратки ракави, а некои може да бидат и изгорени.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Имено, шест нерешени прашања, односно шест играчки судбини ќе бидат променети ова лето. Порталот „Diario Gol“, ги нарече шест „жешки костени“ на Флорентино Перез, а еден Зидан може да го изгоре.

Прв е Иско, чиј договор истекува 2018. година. Не е јасно дали Реал ќе го продолжи договорот, а интересно е доколку не дојде до тоа, Иско би можел да се пресели во редовите на Барселона.

Марко Асенсио и Дани Карвахал се вториот и третиот костен. И двајцата ги продолжија договорите во 2015. година, но им истекуваат оваа година. Изворот вели дека и двајцата сакаат малку повисока цифра во нивните договори.

Рафаел Варан и Матео Ковачиќ се двајца млади играчи кои не се наиграа минатата сезона. Да, на нив планираат повеќе во иднина, меѓутоа, тие сакаат да играат за да го докажат својот талент и да бидат респектирани играчи во овој тим во иднина, поточно, лидери.

Од другата страна, играчите кои имаат 23 и 24 години, мораат повеќе да се наметнат во тимот на Зидан, бидејќи годините не чекаат, а кариерата на фудбалерите е релативно кратка, особено ако сте играч на Реал Мадрид.

За крај, оној жешкиот костен кој може да го изгори Зидан е неговиот сонародник, Карим Бензема. Тој стави ултиматум пред Перез и тренерот на Реал: Или продолжување на договорот или заминувам. Неговиот актуелен договор истекува во 2019. година, а не е тајна дека Реал него би можел да го продаде за големи пари.

Тој ултиматум би можел многу да му наштети на Реал со оглед на тоа што нема играч кој би можел да го замени, а Обамејанг, за кого силно беа заинтересирани, си замина во ПСЖ.

Што ќе биде од сето ова, останува да видиме.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Реал го сака бекот на Манчестер Јунајтед

Реал Мадрид е во потрага по десен бек кој ќе биде долгорочна замена за Картвахал и тоа ќе …