Дома Топ вести Меси преку факс побарал раскин на договорот!

Меси преку факс побарал раскин на договорот!

Пристигнуваат нови вести од Барселона, а сега еден од новинарите објави дека Лионел Меси побарал раскин на договорот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Шпанскиот новинар Алфредо Мартинез на Твитер објави дека Меси преку факс и соопштил на Барселона дека сака да го напушти клубот.

Аргентинскиот играч наводно сака да ја искористи клазулата која му овозможува еднострано да го раскине договорот на крајот од сезоната, доколку не биде среќен и доколку чувствува потреба да го промени клубот.

А според последните случувања Меси смета дека ова е вистинското време да го напушти Камп Ноу. После сите неуспеси и најавената реконструкција на тимот, Аргентинецот најави заминување.

Со нетрпение очекуваме официјални информации, а се очекува Меси набрзо и јавно да ја објави неговата одлука.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Сити за 100 милиони евра ја носи сензацијата од СП

Манчестер Сити е во завршна фаза на преговори со Лиле за Ајубу Буади. Како ПАМЕТНО да типу…