Дома Трансфер зона Икарди бесен: Го напушта ПСЖ и се враќа во Серија А

Икарди бесен: Го напушта ПСЖ и се враќа во Серија А

Откако целиот натпревар во финалето од ЛШ го пресели на клупата за резерви, Мауро Икарди е спремен да ја промени средината.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Аргентинскиот напаѓач е лут на тренерот Тухел што не му дал шанса на мечот против Баерн, па му порачал на раководството дека ако Германецот остане тој ќе го напушти клубот.

ПСЖ пред неколку месеци го откупи договорот на Икарди за 50 милиони евра, но нема да му стои на патот, па веќе се насочи кон Луис Суарез.

Икарди сака да се врати во Серија А, а најсериозен интерес за него покажува Јувентус. Пирло денес потврди дека Игуаин заминува, а „бјанконерите“ сметаат дека Икарди е идеална замена.

Рома исто така е во потрага по напаѓач, но тешко дека може да си го дозволи Аргентинецот кој годишно заработува по 10 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…