Извршниот комитет на УЕФА донесе одлука Суперкупот на Европа кој се игра на 24 септември во Будимпешта да се игра пред ограничен број навивачи – до 30% од капацитетот на стадионот.
Оваа одлука значи дека на „Пушкаш Арената“ ќе можат да присуствуваат околу 20.000 гледачи.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Како што стои во официјалното соооштение сите останати натпревари во европските натпреварувања и понатаму ќе се играат зад затворени врати како што беше одлучено претходно на 9. јули. Се додава и дека ситуацијата внимателно ќе се следи.
„Иако е важно да покажеме дека фудбалот може да продолжи и во тешки времиња, без навивачи играта го губи својот карактер. Се надеваме дека Суперкупот на Европа ќе биде „проба“ после која гледачите ќе се вратат и на останатите натпревари“, изјави претседателот на УЕФА Александар Чеферин.
Во УЕФА Суперкупот ќе се сретнат Баерн Минхен и Севиља.
?️ The 2020 UEFA Super Cup will be played in Budapest in front of spectators – up to 30% of the capacity of the stadium.
— UEFA (@UEFA) August 25, 2020
The decision was approved by the #UEFAExCo today.
Full announcement: ?