Дома Фудбал Каталонија на нозе: Меси донел одлука!

Каталонија на нозе: Меси донел одлука!

Лионел Меси како никогаш претходно се поврзува со заминување од Барселона каде што ја помина целата своја кариера.

Ова лето изгледа како да е најблиску да си замине. Меси е незадоволен од резултатите на Барселона, а не е тајна дека не е во добри односи со челниците на клубот. Медиумите шпекулираат и дека не е задоволен со изборот Роналд Куман да биде новиот тренер.

Меѓутоа се до сега во рамките на шпекулации, Меси не се огласил. Навивачите на Барселона ги загрижува што по толку пишување, скоро секојдневно и тоа од медиуми блиски на Каталонците како „Спорт“ и „Мундо Депортиво“, Меси ништо не демантирал.

Сега се пренесува дека Меси донел одлука и наскоро таа одлука ќе ја соопшти и јавно. Неговото огласување во овие моменти сигурно е нешто што најмногу го чекаат во Каталонија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Милан ја казни Џенова за шест минути, па трепереше до крајот

Сисе и Пулишиќ донесоа предност од 2-0 уште во 19. минута, но голот на Елертсон во финишот…