Новиот тренер на Барселона, Роналд Куман започнал со чистката тимот.
„Марка“ повикувајќи се на каталонското радио „Рац 1“ објави вест дека Куман утрово го побарал Суарез и преку телефон му соопштил дека повеќе не смета на него.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
На одличниот напаѓач сега му преостанува да пронајде решение и начин на кој ќе ја напушти Барселона бидејќи има само уште една година од договорот. Каталонските медиуми и претходно најавуваа големи промени кои сега започнуваат. Суарез очигледно е првата жртва од играчкиот кадар на новата клупска политика.
Останува да се види и како овој потег ќе влијае на Меси со оглед дека на сите им е добро познато дека Меси и Суарез се одлични пријатели надвор од теренот. Треба да се спомене и дека оваа вест доаѓа само неколу дена по изјавата на Суарез во медиумите дека никој од клубот не му соопштил дека не е потребен, сега изгледа се случило и тоа.
Ќе потсетиме 33 годишниот напаѓач во Барселона пристигна во 2014 година и на 283 натпревари постигна 198 гола.