Челзи денес го официјализираше третото засилување, а станува збор за холандскиот централен дефанзивец Хавиер Мбујамба, кој според многумина се смета за новиот Вирџил Ван Дајк.
18-годишниот дефанзивец потпиша 3-годишен договор со тимот од „Стемфорд Бриџ“.
Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
Мбујамба ја започна својата кариера во МВВ Мастрихт пред да се приклучи на школата во Барселона во 2019 година. Сега го раскина договорот со клубот од „Камп Ноу“ и потпиша договор со Челзи.
„Чудно е што Ајакс и ПСВ Ајндховен никогаш не ме бараа, но истото важи и за репрезентацијата на Холандија. За прв пат бев повикан во ноември 2019 година. Тренерскиот тим веднаш ми рече дека е чудно што не сум бил забележан претходно“, изјави Мбујамба.