Дома Фудбал Официјално: Барселона ги претстави помошниците на Куман

Официјално: Барселона ги претстави помошниците на Куман

По именувањето на Ронал Куман пред два дена за прв тренер, Барселона денес официјално ги потврди и имињата на неговите помошници.

На Холанѓанецот ќе му помагаат долгогодишниот шведски напаѓач Хенрик Лрсон кој своевремено беше и играч на Барселона. Во тренерската кариера има искуство како прв тренер на Хелсинхборг.

Второто име помалку познато за пошироката фудбалската јавност. Станува збор за Алфред Шредер кој работеше во германскиот Хофенхајм.

Тука треба да споменеме и дека пред 23 години Шредер и Ларсон беа соиграчи во редовите на Фејенорд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Башкими бара излез од кризата: Саити го означи Арсими како клучен тест

По двата домашни пораза без постигнат гол, Башкими денеска го пречекува Арсими. Енсар Саит…