Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед Хари Мегваер вчера вечер учествувал во инцидент на грчкиот остров Миконос.
Мегваер според тврдењата на грчките медиуми е приведен заедно со уште две лица после конфликт со други Британци во еден ноќен клуб.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Но, тоа веројатно не би бил толкав проблем ако потоа Мегваер не почнел да им се заканува и да ги нападне полицајците поради што бил однесен во полициска станица во Миконос каде што ја поминал ноќта.
Во овој момент нема подетални информации, а од Манчестер ЈУнајтед порачаа дека се свесни за инцидентот во кој учествувал нивниот играч и дека е воспоставен контакт со Мегваер кој според нив соработувал со грчките власти.
Од Јунајтед не сакаа да даваат повеќе коментари, меѓутоа се убедени дека Мегваер многу брзо ќе биде на слобода и дека се ќе биде заборавено.
From @ManUtd: “The club is aware of an alleged incident involving Harry Maguire in Mykonos last night.
— Simon Stone (@sistoney67) August 21, 2020
Contact has been made with Harry, and he is fully co-operating with the Greek authorities.
At this time we will be making no further comment.”