Дома Топ вести Состанокот завршен, Меси го шокира Куман, но и цела Каталонија

Состанокот завршен, Меси го шокира Куман, но и цела Каталонија

Лионел Меси денес го прекина годишниот одмор за да се врати во Барселона на итен состанок со новиот тренер Роналд Куман.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Се очекуваше двајцата да разговараат за иднината на Барселона и новиот проект, но зборовите на Меси го шокирале Куман.

Имено, Меси на новиот тренер на Барселона му соопштил дека не ја гледа својата иднина во клубот и не се гледа себе си во новиот проект на Барселона, пренесуваат шпанските медиуми.

Капитенот и прва ѕвезда на Барселона отворено му кажал на Куман дека повеќе не се чувствува како дел од тимот, но дека е свесен дека најголем проблем му претставува договорот кој го има со Барселона.

Меси сака уште ова лето да ја напушти Барселона и се чини дека после овој состанок тоа сценарио е се пореално.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Шок за Престијани: ФИФА му ја прошири казната за случајот со Винисиус, пропушта и дел од Мундијалот!

На младиот аргентински фудбалер Џанлука Престиани му се заканува проблем за учеството на С…