Младиот играч за врска на Реал Мадрид, Рејниер Жесус уште денес може да го официјализира трансферот во Борусија Дортмунд, пренесуваат шпанските медиуми.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
18-годишниот Бразилец пристигна на „Сантиаго Бернабеу“ на почетокот на годината и играше за младиот тим на „кралевите“.
Традиционално „кралскиот“ клуб ги позајмица младите таленти да се развиваат во други клубови каде ќе добиваат поголема минутажа.
Рејниер важи за еден од најголемите бразилски таленти и ќе се пресели во Дортмунд на двегодишна позајмица, а не е познато дали „милионерите“ ќе имаат опција за откуп.
По истиот принцип Реал во минатото ги позајми Карвахал и Хакими, кои „експлодираа“ во Бундеслигата.