Приоритет на Милан во летниот преоден рок ќе биде доведување на дефанзивец, а најголема желба е Никола Миленковиќ.
Милан веќе започнал преговори со агентот Фали Рамадани за трансфер на дефанзивецот Никола Миленковиќ од Фиорентина.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Миленковиќ изминатите години се етаблираше во еден од најдобрите дефанзивци во Серија А и за него постио интерес од многу клубови.
Италијанските медиуми тврдат дека „росонерите“ се во пол-позиција за неговиот потпис.
Фиорентина за неговата слобода бара 35 милиони евра, додека Милан е спремен да понуди 30 милиони евра со вклучени бонуси.
22-годишниот дефнзивец одби да го продолжи договорот со „виолетовите“ и инсистира да се пресели на „Сан Сиро“.