Дома Фудбал Најбогатиот фудбалер во светот остана без клуб

Најбогатиот фудбалер во светот остана без клуб

Најбогат фудбалер во светот како што е познато не е ниту Лео Меси, ниту Роналдо или Нејмар.

Феликс Болкиах кој има 22 години е принц на Брунеи и тежи 20 милијарди долари. Во овој момент тој остана без клуб.

Болкиах од 2016 година беше дел од Лестер меѓутоа во овој тим не доби шанса да заигра за првиот тим се што успеа да направи беа настапи во младинските тимови и Б-тимот на „лисиците“.

Сега тој е во потрага по нов ангажман и клуб кој ќе му даде шанса.

Тој е роден во Лос Анџелес, а бил дел и од младинците на Саутемптон и Челзи. Секако тој вниманието на медиумите го привлекува поради тоа што е како што кажавме најбогатиот фудбалер во светот, а не поради неговите фудбалски квалитети кои и изгледа и не се така големи.

Многумина покрај толкава богатство и се прашуваат зошто воопшто се труди во професионалниот фудбал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ристовски со четири гола ја предводеше победата на Илинден од 14:1

Илинден го совлада Марино со 14:1, а тројца фудбалери постигнаа вкупно десет гола. Тимот н…