Барселона пред неколку дена го доживеа најголемиот срам во историјата на клубот и беше поразена од Баерн Минхен до 8:2 во четвртфиналето од ЛШ.
Тренерот Сетиен веднаш доби отказ, а се очекува во наредните денови за нов кормилар да биде назначен Роналд Куман.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Првиот чекор на Куман ќе биде целосен ремонт во каталонската екипа бидејќи клубот процени дека повеќе нема време за губење.
Порталот „Трансфермаркет“ направи тим од играчи на Барселона кои се на продажба и за кои ќе нема место во формацијата на Куман.
Тој тим чини неверојатни 345 милиони евра и се очекува сите 11 играчи да ја напуштат Барселона ова лето.