Синоќа Интер го совлада Шахтјор со 5:0 и се пласираше во финалето од Лига Европа.
Уште една одлична партија пружи Ромелу Лукаку кој постигна два гола, постави нов рекорд во Лига Европа и покажа дека е во одлична форма.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Откако ги напушти „Црвените ѓаволи“, Лукаку едноставно експлодираше, а ја игра веројатно најдобрата сезона од неговата кариера досега. По синоќешниот натпревар, новинарите го прашаа за поразот на неговиот поранешен клуб Јунајтед во полуфиналето, а тој даде џентламенски одговор.
„Тие дадоа се од себе за да се пласираат во финале, но не успеаја. Имаа навистина добра сезона и мислам дека Оле прави добра работа. Постојат неколку одлични играчи кои се истакнаа и мило ми е за тоа. Им посакувам се најдобро и верувам дека следната сезона ќе биде уште подобра за нив“, рече Лукаку.
"Greenwood is coming through, Martial and Rashford, I expected all of that.
— Football on BT Sport #Club2020 (@btsportfootball) August 17, 2020
"I'm really happy for them, they look really good for next season."
Romelu Lukaku reflects on Inter's 5-0 demolition of Shakhtar and comments on his old side Man United…#Club2020 pic.twitter.com/yf2nGCKqzr