Дома Фудбал Останато И „ЕСПН“ тврди: Готово е, избран е новиот тренер на Барселона

И „ЕСПН“ тврди: Готово е, избран е новиот тренер на Барселона

Состанокот на челниците на Барселона е во тек веќе три часа, а јавноста е во исчекување на одлуката или одлуките кои ќе бидат донесени.

Хозе Марија Бартомеу ги собра сите членови на раководството после бламажата во Лигата на шампионите. Иако навивачите сакаат и Бартомеу да замине, тој ќе се обиде да ги исправи работите.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Првиот чекор ќе биде промена на тренерот. Клубот денес треба и официјално да го потврди отказот на Сетиен, а според информациите и веднаш ќе биде именуван нов стратег.

И вчера се најавуваше, а денес и реномираниот „ЕСПН“ тврди дека Роналд Куман ќе биде човекот кој ќе го наследи Сетиен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Аморим им „фрли око“ на две ѕвезди од Премиер лигата

Манчестер Јунајтед сериозно влезе во преговори со Астон Вила, со цел да ги ангажира двајца…