Претседателот на Барселона, Бартомеу синоќа најави промени во клубот после катастрофалниот пораз во ЛШ од Баерн Минхен.
Бартомеу се извини на навивачите и најави промени, а Кике Сетиен би требало да биде првата “жртва“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Иако Маурисио Покетино најмногу се поврзуваше со клупата на каталонците, тој веројатно нема да биде новиот тренер.
АС тврди дека раководството на клубот е против евентуален ангажман на Аргентинецот, кој претходно ја нарекуваше Барселона како непријател и дека никогаш нема да ја предводи како тренер.
Тоа одредени луѓе во клубот не сакаат да го простат. Очигледно и вечерата со Бартомеу е залудна за Покетино, кој веројатно ќе побара работа на друго место.
Исто така, со клупата на Барселона се поврзува и легендарниот Чави, но тој неодамна кажа се уште не е време да се врати во клубот.
Името на новиот тренер би требало да се знае многу брзо, но прво треба да се реши договорот кој го има Сетиен.