33 годишниот Луис Суарез сезонава имаше неколку повреди, но по рестарот на сезоната игра во одлична форма постигна и гол во победата над Наполи од 3:1 во Лигата на шампионите.
Договоорт на Суарез истекува наредната година, но како што призна претседателот Бартомеу договорот ќе биде автоматски продолжен ако Суарез одигра одреден број натпревари.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Според пишувањето на „БеИН Спорт“ за Уругваецот владее голем интерес од Катар, Суарез е голема желба на тренерот Халгримсон кој го предводи Ал-Араби.
Суарез неколку пати изјавуваше дека е сконцентриран само на Барселона, имаше неколку понуди и од МЛС лигата. Во Ал Араби Суарез би се сретнал со поранешниот фудбалер на Барселона Марк Муниеса.
На клубот од Катар не му недостасуваат пари и само прашање дали ова лето или наредното планираат преговори со Барселона.