Дома Трансфер зона Mилан купи напаѓач од клубот на Ибрахимовиќ

Mилан купи напаѓач од клубот на Ибрахимовиќ

Тимот на Милан инвестираше во иднината и за 1.5 милион евра го купи 17 годишниот напаѓач Емил Робак.

Шведскиот медиум „СпортЕкспрес“ тврди дека „росонерите“ постигнале договор со Хамарби за купување на младиот напаѓач, клубот кој е во сопственост на напаѓачот на Милан Златан Ибрахимовиќ.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Наводно Арсенал исто така го следел младиот фудбалер кој игра на неколку позиции и кој веќе одиграл неколку натпревари за кадетската репрезентација на Шведска.

Се очекува многу брзо Робак да ги заврши лекарските прегледи и потоа официјално да отвори нова страница во неговата кариера.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Крај на една ера: Марко Ројс заминува од Борусија Дортмунд!

Легендата на Борусија Дортмунд, Марко Ројс ќе си замине по завршувањето на актуелната сезо…