Дома Фудбал Италија Гатузо потпишува нов договор со Наполи

Гатузо потпишува нов договор со Наполи

Џенаро Гатузо ќе потпише нов договор до летото 2023. година, пренесуваат италијанските медиуми.

После поразот против Барселона, Гатузо се состанал со претседателот Де Лаурентис и постигнале договор за продолжување на соработката.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Гатузо покрај продолжување на договорот ќе добие и поголема плата, односно ќе заработува 1.6 милиони евра по сезона плус одредени бонуси.

Покрај тоа, Гатузо добил гаранција и дека Наполи ќе биде активен на трансфер пазарот, што го покажа со трансферот на Виктор Осимен од Лил за 50 милиони евра.

Гатузо ветува борба за врвот во Серија А и гарантира враќање во Лига на шампиони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Контроверзен црвен картон на Валверде ги разлути навивачите на Реал Мадрид

Дербито во Мадрид секогаш носи големи емоции, а синоќешниот возбудлив натпревар само ја ра…