Дома Трансфер зона Вилијан со писмо се прости од Челзи

Вилијан со писмо се прости од Челзи

Крилниот фудбалер Вилијан го приведува кон крајот својот мандат на „Стенфорд Бриџ“, а новиот клуб за кој ќе игра ќе биде локалниот ривал Арсенал. Бразилецот со писмо се прости од навивачите кои го поддржува во последните седум години.

„Поминаа седум прекрасни години од кога ја прифатив понудата од Челзи и денес сум убеден дека тоа беше една од моите најдобри одлуки во животот. Се усовршував со секој момент поминат во клубот. Освен освојувањето трофеи научив многу и за самиот себе, се развиав. Благодарен сум н навивачите за пружената љубов. Имаше критики, но тоа е нормално. Тие секогаш ме инспирраа да се трудам да бидам уште подобар на натпреварите“.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Сега дојде време да се простиме и да продолжам понатаму. Сигурно ќе ми недостасуваат соиграчите и луѓето во клубот. Ќе ми недостасуваат и навивачите, но секогаш ќе знам дека во секој момент давав се од себе за Челзи. Многу ви благодарам и Бог нека ве благослови“, напиша 32 годишниот Бразилец во писмото.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…