Дома Фудбал Останато Готово: Давид Силва ќе игра во Серија А, познати и детали!

Готово: Давид Силва ќе игра во Серија А, познати и детали!

Кога Манчестер Сити ќе го заврши настапот во Лигата на шампионите, а тој ќе потрае уште затоа што „граѓаните“ вчера го елиминираа Реал Мадрид, Давид Силва ќе отпатува во Рим на потпис на на договор со Лацио.

Искусниот шпански фудбалер се договори со Римјаните и ќе биде големо засилување за клубот од Рим во наредните две сезони.

Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓


Како што пишува „Газета дело Спорт“ Силва и Лацио се договориле и договор ќе биде потпишан на две, плус една година, а шпанскиот фудбалер ќе заработува четири милиони евра. Самиот Силва се уште не се огласил по повод овој трансфер, меѓутоа неговиот татко скоро и да го потврди трансферот.

„Давид навистина го сака италијанското првенство и сметам дека таму би можел да игра до 40 години. Лацио? Би бил навистина среќен ако игра во Рим“, изјави Фернандо Силва.

Освен ова се пишува дека Давид Силва веќе телефонски разговарал со Луис Алберто, играчот за врска на Лацио кој детално го упатил во квалитетите на тимот и условите за игра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ветеранот на Реал Мадрид најави крај на кариерата!

Дани Карвахал му недостасуваше на Реал Мадрид можеби повеќе од било кога, што се забележа …