Дома Фудбал Англија Легендата на Манчестер Јунајтед ги избра најтешките противници во кариерата

Легендата на Манчестер Јунајтед ги избра најтешките противници во кариерата

Поранешниот играч на Манчестер Јунајтед Рој Кин откри дека фудбалските легенди како Зинедин Зидан и Патрик Виера се помеѓу најтешките противници со кој се соочил во неговата неверојатна играчка кариера.

48 годишниот Кин зборовуваше за ривалството со Виера кога Французинот играше во Арсенал.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„За мене беше голем предизвик кога Виера се појави на сцената. Беше добар играч и знаев дека морам да бидам најдобар кога играм против него. Беше гладен, можеше само да ја постави ногата и да постигне гол. Патрик во тоа време ми беше најтежок противник и ме предизвикуваше на разни начин. Знаев дека мора да бидам совршен за да го победам“.

Потоа во категоријата негови најтешки противници тој ги избра Роби Леј, Гери Спид и Дејвид Бат.

Кин кој во 2006 година се повлече од фудбалот ја освои Лигата на шампионите во историската клупска сезона кога со Јунајтед освои тројна руна. Еден од играчите против кој му беше посебно тешко да игра бил и Зинедин Зидан.

„Единствениот играч кој имаше се, беше крајно тешко да се игра против него“, додаде Кин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…