Европската ракометна федерација во соработка со клубовите и ТВ куќите кои ги имаат правата за пренос на натпреварите, ги одредија термините за првите 10 кола од групната фаза во ЛШ.
Новост во оваа сезона е што натпреварите во Лигата на шампионите ќе се играат преку недела, односно во среда или четврток. За сега единствено нема потврда за дуелот со Кјелце од осмото коло кое треба да се игра на 25 или 26 ноември.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Термини за првите 10 натпревари на Вардар во ЛШ:
1. коло 16. септември: Мешков Брест – Вардар 1961 (18:45 ч.)
2. коло 24. септември: Вардар 1961 – Елверум (20:45 ч.)
3. коло 1. октомври: ПИК Сегед – Вардар 1961 (18:45 ч.)
4. коло 15. октомври: Вардар 1961 – Фленсбург (20:45 ч.)
5. коло 22. октомври: Вардар 1961 – Порто (20:45 ч.)
6. коло 29. октомври: ПСЖ – Вардар 1961 (20:45 ч.)
7. коло 19. ноември: Вардар 1961 – Кјелце (18:45 ч.)
8. коло 25/26. ноември: Кјелце – Вардар 1961
9. коло 3. декември: Порто – Вардар 1961 (20:45 ч.)
10. коло 10. декември: Вардар 1961 – ПСЖ (20:45 ч.)