Дома Трансфер зона Даглас Коста го шокира Јувентус – бара иста плата колку Игуаин!

Даглас Коста го шокира Јувентус – бара иста плата колку Игуаин!

Главни трансфер цели на Јувентус во летниот преоден рок се Стивен Нзонзи и Даглас Коста, а последните информации од Апенините велат дека Бразилецот ја шокирал „старата дама“ со своите барања.

Имено, Јувентус започнал преговори со Баерн Минхен за трансфер на Даглас Коста, а „Скај Спорт“ пренесува дека Баварците за неговата слобода бараат 50 милиони евра, што може да биде пречка за реализирање на трансферот.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Сепак, поголем проблем за „бјанконерите“ претставуваа барањата на самиот фудбалер. Имено, Бразилецот бара четиригодишен договор и плата од 7 милиони евра по сезона, исто колку што во моментот заработува најплатениот играч на Јувентус, Гонзало Игуаин.

Јувентус не е спремен да му понуди повеќе од 5 милиони евра по сезона, па медиумите тврдат дека трансферот на Даглас Коста во Јувентус во моментов е под голем знак прашалник.

Што се однесува до Нзонзи тој веќе постигна договор со „старата дама“, па сега останува уште двата клуба да се договорат за обештетувањето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…