Дома Фудбал Англија Манчестер Јунајтед понуди 55 милиони евра за Киеза?

Манчестер Јунајтед понуди 55 милиони евра за Киеза?

Според пишувањата на италијански La Nazione, Манчестер Јунајтед испратил понуда до Фиорентина за Федерико Киеза.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Репрезентативецот на Италија се поврзува со неколку клубови од Серија А, но сега наводно и Манчестер Јунајтед пројавува интерес.

Претседателот на Фиорентина претходно истакна дека Киеза ќе го продаде само во случај да пристигне вистинска понуда, па се појавува прашањето дали 55 милиони евра, колку што нуди Јунајтед се доволни за напаѓачот?

Овој 22-годишен напаѓач оваа сезона постигна 10 погодоци во Серија А и во изминатите неколку сезони постигнува двоцифрен број на голови, поради што го привлече вниманието на фудбалските великани.

Црвените ѓаволи минатата сезона завршија на третата позиција во ПЛ и се пласираа во ЛШ, па за очекување е дополнително да се засили тимот. Наскоро се очекува потпис на Санчо, а веројатно ќе има уште неколку квалитетни играчи на Олд Трафорд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Кињонес го постигна третиот најбрз гол во отворачки натпревар на Мондијалот

Напаѓачот на Мексико Хулиан Кињонес го разбуди стадионот „Ацтека“, постигнувајќи го првиот…