Дома Фудбал Анчелоти: ПСЖ и Сити се фаворити во Лигата на шампиони

Анчелоти: ПСЖ и Сити се фаворити во Лигата на шампиони

Италијанскиот менаџер Карло Анчелоти даде свој коментар за овогодинешната Лига на шампиони.

Поради пандемијата со коронавирусот ЛШ ќе се доигра во Португалија во турнирски формат, а Анчелоти ги откри своите фаворити.

„Фаворити се најмотивираните клубови. Тие го поставуваат трофејот од ЛШ како главна цел веќе неколку години. ПСЖ кој никогаш не стигнал до полуфинале и Манчестер Сити“, истакна Анчелоти.

„Што се однесува до Јувентус, за нив Лигата на шампиони е опсесија. Мислам дека кога ќе стигнеш до финале си дал се од себе, останатото е во рацете на Бог. Овој формат и играње на само еден меч може да биде поволен за Јувентус“, заклучи Италијанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тајроски расте во академијата на Рид, Македонија е репрезентативна можност

Билал Тајроски, играч за врска роден во 2012 година, е дел од младинскиот погон на Рид. Не…