Тимот на Реал Мадрид е исправен пред тешка мисија во Лигата на шампиони. „Кралевите“ ќе се обидат да го елиминираат Манчестер Сити после пораз од 1:2 на „Сантиаго Бернабеу“.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Историјата памети само еден случај кога Реал успеал да мине во следната фаза после пораз дома во првиот меч.
Тоа се случило пред точно половина век, односно 1970 година, кога Реал успеа да го елиминира Вакер Инсбрук во 1/8-финалето од КПК.
Реал првиот дуел на „Сантиаго Бернабеу“ го загубил со 0:1, а во реваншот момците на легендарниот Мигел Муњос прават голем пресврт и слават со резултат 2:0.
Ова е единствен случај во европската историја на Реал Мадрид да продолжи во следната фаза после пораз дома во првиот меч.