Дома Фудбал Ливерпул доби жестока конкуренција за Алкантара

Ливерпул доби жестока конкуренција за Алкантара

Дека Тиаго Алкантара сака да го напушти Баерн не е тајна, а од поодамна се шпекулира дека Ливерпул е прв во редот за негов трансфер.

Искусниот играч наводно е голема желба на Јирген Клоп, а значаен чекор кон негов трансфер е направен кога Баерн ја одреди цената.

Баварците не сакаат следното лето да го пуштат без пари, па ова лето “подготви“ цена од 30 милиони евра.

Меѓутоа, сега ситуацијата во Ливерпул се комплицира.

Француски Le10Sport пишува дека спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо телефонски ги контактирал челниците на Баерн и им го кажал неговиот интерес за Алкантара.

Поради тоа, доколку Ливерпул е сериозно заинтересиран за Шпанецот, треба да ја преземе иницијативата и да го договори трансферот што побрзо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Валверде го спаси Реал во 90’+2′: АЕК двапати водеше, но остана без бод!

Реал Мадрид славеше со 3-2 на гостувањето кај АЕК, откако двапати ја бркаше предноста на д…