Легендарниот француски тренер, Арсен Венгер откри кои според него се фаворити во Лигата на шампиони оваа сезона.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Најелитното европско натпреварување беше стопирано паднемијата, но наскоро ќе продолжи и ќе се игра во нов формат.
Откако ќе се доиграат осминафиналните натпревари ќе се игра „Фајнл-ејт“ турнир во Португалија, а веќе се знае и ждребот.
„Кога играте еден натпревар против Аталанта или Атлетико Мадрид се е можно, но според мене главни фаворити се Манчестер Сити и ПСЖ. Мислам дека и двете екипи се многу послаби отколку пред две години, но тогаш и ЛШ беше многу посилна. Квалитетот на фудбалот генерално опадна, но Сити и ПСЖ се две од трите најсилни екипи во Европа“, смета Венгер.