Дома Фудбал Барса – Наполи може да НЕ се игра на „Камп Ноу“

Барса – Наполи може да НЕ се игра на „Камп Ноу“

Реванш осминафиналниот дуел од Лигата на шампиони помеѓу Барселона и Наполи може да не се игра во Шпанија, пренесуваат тамошните медиуми.

УЕФА ја следи ситуацијата со коронавирусот во Каталонија и постојано е во контакт со тамошните здравствени власти. Во последните недели бројот на заразени рапидно порасна во Барселона и тоа ја усложнува ситуацијата.

Од „Камп Ноу“ не добиле никакви индикации од УЕФА дека мечот може да се игра на друго место.

Од УЕФА пак на прво место сакаат да го гарантираат здравјето на луѓето кои ќе земат учество во овој натпревар. Мечот е на програмата на 8 август во 21 часот.

Од Наполи исто така потврдија дека чекаат официјално потврда и секако настојуваат мечот да се игра на неутрален терен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тајроски расте во академијата на Рид, Македонија е репрезентативна можност

Билал Тајроски, играч за врска роден во 2012 година, е дел од младинскиот погон на Рид. Не…