Далас маверикс славеше против Филаделфија со 118-115 по продолженија во последниот подготвителен меч пред рестартот на НБА-сезоната, која беше прекината во март поради вирусот.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Јунак на триумфот на Далас беше словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ, кој постигна 23 поени, седум скокови и шест асистенции, а поголем проблем во текот на дуелот имаше со камерата, отколку со ривалите.
Дончиќ во еден момент заврши покрај аут-линијата во трка со топката, а кога беше потпрен на оградата, кон него тргна роботска камера.
За среќа, најдобриот кошаркар на Далас во последната секунда забележа дека доаѓа опасноста, па избегна болен удар, додека останатите не веруваа во тоа што го гледаат.