Дома Трансфер зона Клоп во Франција најде замена за Ловрен

Клоп во Франција најде замена за Ловрен

Дефанзивецот на Лил, Габриел одигра одлична сезона и го привлече вниманието на многу европски гиганти.

Англиските медиуми тврдат дека во трката за неговиот потпис се вклучил и Ливерпул кој во 22-годишниот Габриел гледа идеален партнер за Ван Дајк.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Приоритет на Клоп ова лето ќе биде доведување на дефанзивец, односно замена за Ловрен, кој е на чекор од трансфер во Зенит.

Интересно е тоа што пред само две години, Габриел пристигна на „Максимир“, но одигра само еден натпревар за Динамо и потоа беше преместен во вториот тим.

Оваа сезона блесна во дресот на Лил, играше во Лигата на шампиони и привлече големо внимание, а неговата цена е околу 30 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед спреми 100 милиони за Араухо

Дефанзивецот на Барселона, Роналд Араухо е во трансфер плановите на Манчестер Јунајтед, об…