Македонскиот фудбалски репрезентативец Стефан Спировски пристигна во АЕК Ларнака пред речиси еден месец, а на неговиот прв меч постигна спектакуларен погодок од 30 метри.
АЕК Ларнака славеше со 2-0 против Докса во пријателски меч, а Спировски со „бомба“ го матираше македонскиот голман Дамјан Шишковски.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Македонецот го постигна својот гол пред крајот на првото полувреме, па без сомнеж покажа дека ќе биде квалитетно засилување за тимот од Кипар, каде што настапуваат уште Мојсов и Тричковски.
Спировски претходно настапуваше во Пелистер, Борац Чачак, Работнички, Берое, Вардар, Ференцварош, а пред да дојде во АЕК Ларнака го носеше дресот на Хапоел Тел Авив.