Успешното враќање на Жерард Пике на „Камп Ноу“ во 2008 година може да се повтори и на лето 2021 година, пишува каталонски „Спорт“.
Станува збор за дефанзивецот на Манчестер Сити, Ерик Гарсија кој е продукт на школата „Ла Масија“, но пред три години реши да ја напушти Барселона.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Спорт“ пренесува дека договорот на 19-годишниот дефанзивец истекува следното лето и би можел да се врати на „Камп Ноу“ како слободен агент.
Барселона го сака Гарсија веднаш на „Камп Ноу“ и поради тоа е спремна да му понуди на Сити трампа во која ќе биде вклучен Нелсон Семедо.
Пике се врати во матичниот клуб на 21 година, а Гарсија може тоа да го направи на 20 години. Преговорите со неговиот агент се започнати, па се чека одговор од „граѓаните“.
Barcelona are trying to figure out a way to sign Eric García from Manchester City this summer.
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) July 23, 2020
Barca are keen to bring the defender to La Liga, and are willing to use João Cancelo and Nelson Semedo in a swap deal to do it.
(Source: SPORT) pic.twitter.com/iZHTog8QJx