Дома Топ вести Рамадани пристигна во Милано: Главна тема Ребиќ и Јовиќ

Рамадани пристигна во Милано: Главна тема Ребиќ и Јовиќ

Познатиот фудбалски агент со македонско потекло Фали Рамадани пристигна во Милано на средба со раководството на Милан.

Рамадани застапува многу познати фудбалски имиња, но и посредува при трансфери, а „Скај Италија“ тврди дека главна тема ќе бидат Анте Ребиќ и Лука Јовиќ.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Имено, Милан е во завршни преговори со Ајнтрахт за откуп на Анте Ребиќ и трансферт треба да изнесува помеѓу 25 и 30 милиони евра. Со Рамадани „росонерите“ треба да ги дефинираат деталите од новиот 4-годишен договор.

Другата тема на средбата ќе биде напаѓачот на Реал Мадрид, Лука Јовиќ, кој останува примарна цел на „росонерите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…