Првата борба меѓу Конор Мекгрегор и Кабиб Нурмагомедов предизвика многу контроверзи, па тие двајца имаат нерасчистени сметки, а менаџерот на борецот од Дагестан, Али Абделазиз зборуваше за можен реванш.
Абделазиз во разговор со медиумите кажа дека Кабиб е далеку од пензија, а има план да се бори против Џастин Гатје пред крајот на годинава.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Исто така, менаџерот на Кабиб зборуваше за потенцијалната борба и реванш против контроверзниот ирски борец.
„Ние го водиме главниот збор во моментов. Мекгрегор е резервен план, не е ниту втора, трета или четврта опција. Не ја исклучуваме можноста за реванш против Ирецот, но претходно Конор мора да се покаже против ислам Макачев“, кажа Абделазиз.