Дома Фудбал Италија Донарума пишува историја: Денес по 200-ти пат во дресот на Милан

Донарума пишува историја: Денес по 200-ти пат во дресот на Милан

Младиот италијански голман Џанлуиџи Донарума денес ќе испише историја во Серија А.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Имено, Донарума вечерва против Сасуоло ќе го запише својот 200-ти настап во Серија А за Милан, а има само 21 година.

Со тоа Донарума ќе стане најмладиот фудбалер во историјата на италијанската лига кој стигнал до 200-от настап со само 21 година, 4 месеци и 26 дена.

Донарума на свои 16 години дебитираше во дресот на Милан и од тогаш е незаменлив во тимот на „росонерите“, а стана и прв голман на италијанската репрезентација.

Џиџо покажа дека е еден од најталентираните голмани во светот, а италијанските медиуми тврдат дека наскоро ќе го продолжи договорот со Милан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Постојат информации за тоа какви средства ќе добива Зидан

Зинедин Зидан официјално е новиот селектор на националниот тим на Франција, а француските …