Дома Фудбал Италија Јувентус започна преговори со Покетино

Јувентус започна преговори со Покетино

Раководството на Јувентус започнало преговори со агентите на Маурисио Покетини, пренесуваат италијанските медиуми.

Аргентинскиот стратег е слободен откако ја раскина соработката со Тотенхем и е во потрага по нов предизвик.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Раководството на Јувентус не е задоволно од работата на Маурицио Сари и покрај фактот што тој е на прагот да го освои Скудетото.

„Старата дама“ припрема тренерска смена и сака да го донесе Покетино, а „Ла Стампа“ тврди дека преговорите се започнати.

Вчера се појави информација дека Покетино одбил да седне на клупата на Монако, а причината е токму Јувентус.

48-годишниот стратег сака да се пресели во Серија А и е спремен да ги одбие сите понуди поради Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Пикси пред враќање на тренерската работа, ова може да биде негов нов клуб!

Српскиот стратег Драган Стојковиќ Пикси би можел да се врати на тренерската позиција некол…