Дома Фудбал Арсенал преку Сити во финалето на ФА купот

Арсенал преку Сити во финалето на ФА купот

Фудбалерите на Арсенал вечерва на Вембли го победија Манчестер Сити со 2:0 во првото полуфинале во ФА купот.

Иако Сити пред натпреварот важеше за фаворит, Арсенал на крајот дојде до победата, па во финалето ќе игра против подобриот од дуелот Челси – Јунајтед.

Во 14. минута беше поништен погодок на Лаказет поради недозволена позиција, а само неколку минути подоцна Обамејанг имаше добра шанса, но не ја искористи.

Веќе во 19. минута габонскиот напаѓач после фантастичниот центаршут на Пепе погоди за 1:0 со кој резултат се замина на полувреме.

Арсенал во вториот дел ја чекаше својата шанса преку контри, а после бројните промашени шанси на Сити, Топџиите преку Обамејанг казнија во 72. минута и го осигурaа пласманот во финалето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Алонсо му ја отвора вратата за заминување на Густо – ќе реагира ли Ливерпул?

Според новите информации, Мало Густо не е меѓу првите избори на Чаби Алонсо во Челси, а Ли…