Дома Фудбал Англија Де Геа изедначи рекорд на славниот Шмајхел

Де Геа изедначи рекорд на славниот Шмајхел

Давид де Геа дефинитивно е еден од најдобрите голмани на светот.

Поранешниот голман на Атлетико веќе девет години брани во Манчестер и е една од главните алки во тимот кој се бори за пласман во ЛШ, иако во еден момент тоа изгледаше како невозможна мисија за Црвените ѓаволи.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Де Геа против Кристал Палас ја сочува својата мрежа, а тоа беше 112. ПЛ натпревар во кој не примил погодок. На тој начин го изедначи рекордот на славниот Пиетер Шмајхел, кој исто така бранеше на Олд Трафорд.

Со оглед на тоа дека останаа уште два натпревари до крајот на сезоната, Де Геа има реална прилика уште оваа сезона да постави нов рекорд.

Де Геа во Премиер лигата вкупно бранеше на 311 натпревари, додека Шмајхел бранеше на 252 натпревари. Зад нив двајцата се Едвин ван дер Сар кој 90 пати ја сочувал мрежата, а четврти е Фабијан Бартез со 30 чисти мрежи на 92 натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

От Манчестер Јунајтед подготвуваат трета понуда за Мбемо, се очекува зделката да биде завршена оваа недела

Раководството на Манчестер Јунајтед подготвува трета официјална понуда кон Брентфорд за Бр…