Дома Фудбал Останато Се појави проблем, ништо од доаѓањето на Рагник во Милан?

Се појави проблем, ништо од доаѓањето на Рагник во Милан?

Низ италијанските медиуми на големо се пишува веќе подолго време дела Милан го обезбедил Ралф Рагник.

Милан преговара со 62 годишниот германски стратег, уште во јануари се најавуваше дека тој ќе биде новиот тренер на „росонерите“.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Рагник беше спортски директор во Салзбург и Лајпциг, а потоа и тренер на Лајпциг. Сега тој е шеф на спортскиот и развојниот фудбал на Ред Бул и ги покрива уште Њујорк Ред Бул и Ред Бул Бразил, како и останатите франшизи. Со оглед на тоа дека Стефано Пиоли започна да забележува добри резултати со Милан, тоа го зголемува и притисокто на Газидис и управата на Милан која би можела да се откаже од проектот со Рагник и Пиоли да го задржи и наредната сезона.

Ќе потсетиме, претходно Звонимир Бобан доби отказ затоа што се пожали дека Газидис без негово знаење го контактирал Рагник. Се очекува ова лето клубот да го напушти и уште една легенда, Паоло Малдини.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Њукасл спремен да го пушти Исак во Ливерпул

Bританските медиуми во петокот објавија дека раководството на Њукасл очекува нова понуда о…