Дома Фудбал Еден играч на Реал Мадрид оваа сезона прослави две титули

Еден играч на Реал Мадрид оваа сезона прослави две титули

Реал Мадрид синоќа стана првак на Шпанија, откако на коло пред крајот го победи Виљареал, додека Барса загуби од Осасуна со 1:2.

Барселона и да победеше тоа немаше ништо да промени и Реал ќе го осигураше насловот, прв од 2017 година и 34. вкупно.

За Рамос, Бензема и друштво тоа е уште една титула, но оваа сезона само еден играч на Кралевите може да се пофали дека освоил две титули.

Станува збор за Алваро Одриозола, кој е на позајмица во Баерн, каде ја освои титулата во Бундеслигата, а исто така ќе ја добие и титулата во Ла Лига бидејќи претходно имаше настапи во дресот на Реал.

Се верува дека Одриозола ќе се врати во Реал Мадрид откако му истече позајмицата во Баерн, а во германскиот тим немаат намера да го откупат неговиот договор или да ја продолжат позајмицата на уште една година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона и Јувентус го следат Аит-Нури: Јануарска трка за бекот на Сити?

Рајан Аит-Нури тешко доаѓа до минутажа во Манчестер сити, а според европските медиуми, Бар…